Во Штип ќе се гради фабрика за индустриски ластик

Bez autora
Oct 09 2014

Турската компанија „Јагјемезлер“ , која околу 10 години произведува текстилен материјал и шие фармерки и лесна конфекција, го шири своето производство во Штип. Сопственикот Џунѓур Каја најави дека во овој град ќе отвори и фабрика за производство на индустриски ластик и оти дополнително ќе бидат вработени 100 лица. Пристигнаа 12 машини, а во првата фаза е планирано да дојдат уште 38 машини за фабриката за производство на индустриски ластик, со што за неполн месец во овој погон ќе имаме 50 машини и ќе почнеме со производството, изјави Каја, додавајќи дека целото производство ќе биде за извоз.

Во Штип ќе се гради фабрика за индустриски ластикТурската компанија „Јагјемезлер“ , која околу 10 години произведува текстилен материјал и шие фармерки и лесна конфекција, го шири своето производство во Штип. Сопственикот Џунѓур Каја најави дека во овој град ќе отвори и фабрика за производство на индустриски ластик и оти дополнително ќе бидат вработени 100 лица.

„Пристигнаа 12 машини, а во првата фаза е планирано да дојдат уште 38 машини за фабриката за производство на индустриски ластик, со што за неполн месец во овој погон ќе имаме 50 машини и ќе почнеме со производството“, изјави Каја, додавајќи дека целото производство ќе биде за извоз.

Пристигнатите 12 машини чинат над еден милион долари, а вкупната инвестиција во новата фабрика и новите машини во останатите погони во фирмата изнесува околу 25 милиони долари.

Според Каја, 340 вработени примаат солидна плата, која пред неколку месеци е зголемена, со што работниците се мотивирани и производството е зголемено за 20 проценти.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik